ЗОШТО ЕСЕНТА НОСИ ПОГОЛЕМА ОПАСНОСТ ЗА КОВИД-19 – Филипче ги кажа причините

Зошто есента е поголема опасност за коронавирусот, одговорот го даде вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Евентуалното полошо сценарио наесен би значело поголема концентрација на луѓе во затворени простории, дополнителен број на заболени од сезонски грип, што може да доведе до пренатрупување на болниците со пациенти и тоа да не може да се изменаџира.

Ова сценарио, како што вчера нагласи министерот за здравство Венко Филипче, би можело да се избегне, но доколку тоа не се случи, здравствените власти ќе го дочекаат подготвени.

А министерот изјави и дека се намалува бројот на нови случаи кога се гледаат неделните анализи и дека има сериозно зголемување на бројот на тестови со што се откриени и голем број асимптоматски случаи што придонесува во намалувањето на ширењето на вирусот. Тој истакна  дека состојбата со коронавирусот кај нас е стабилна и ситуацијата е под контрола на што укажуваат податоците за сериозно намалување на бројот на новозаболени во однос на претходниот период и на помалиот број случаи на хоспитализирани.

„Во континуитет гледајќи ги неделните анализи бројот на новозаразени се намалува. А тоа се должи на сериозното зголемување на направените тестови,а со тоа и откривањето на асимптоматските пациенти кои се многу битни за спречување на понатамошното ширење на вирусот. Увидот на епидемиолошките прашалници ни укажува дека точно знаеме секој пациент од каде е заразен, се прави анализа, се бараат контактите. Благодарение на стратегијата на широко тестирање и стратегијата на тестирањето на контактите коишто немаат симптоми, а епидемиологот ќе утврди дека се од висок ризик – ние успеваме да откриеме голем процент – близу 30, на пациенти кои се асимптоматски. На овој начин се спречува понатамошната трансмисија на вирусот кај човекот кој не е свесен дека е носител на вирусот, поради тоа што нема никакви симптоми“, потенцираше министерот Филипче.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.