Зошто е добро почесто да јадете авокадо?

Половина авокадо на ден го има неверојатното својство да го штити организмот од метаболен синдром, покажуваат податоците од неодамнешното истражување на оваа тема.

Тим од ирански научници ги провериле својствата на авокадото во оваа насока. Тие утврдиле дека восхитувачкиот плод го намалува нивото на триглицеридите, инсулинот, шеќерот во крвта и кардиоваскуларниот ризик – се компоненти, карактеристични за метаболниот синдром.

Истражувачите ги разгледале резултатите од 129 претходни истражувања во темата, систематизирајќи ги фактите докажале дека авокадото има неверојатни ефекти врз метаболизмот и правилна обработка на хранливите материи.

Научниците заклучиле дека авокадото има поволни ефекти врз нивото на холестерол во сите негови димензии (лош, добар, вкупен холестерол), како и фосфолипиди.

И не само тоа, но авокадото намалува липиди, триглицериди, антихипертензивни (намалуваат крвниот притисок), антидијабетици, анти-дебелината, антикоагулантните својства. Хранливите материи и корисните масни киселини во него ги штитат крвните садови од атеросклероза.

 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.