Зошто е добро дневно да земате по половина лажичка цимет?

291

 

Ако го внесете циметот во вашата исхрана значително ќе ви помогне во контролирањето на наглото покачување и намалување на нивото на шеќер во крвта.

На тој начин може значително да се намали потребата за слатки и да се подобри дејството на антиоксидансите од другата храна што му помага на телото да се одбрани и да се зајакне имуниот систем.

Само половина лажичка цимет дневно може значително да го намали нивото на шеќер во крвта, како и триглицеридите и холестеролот кај луѓе со дијабетес тип 2.

Циметот ја намалува и вкочанетоста во мускулите и зглобовите, ги смирува воспаленијата, ја подобрува работата на дигестивниот систем, го стимулира мозокот, циркулацијата на крв и го блокира лачењето на протеин во мозокот што може да доведе до појава на Алцхајмерова болест.

Се препорачува половина или цела лажичка цимет дневно, на пример со кафето или чајот, или како зачин на порцијата овошје.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.