Зошто е добро да јадете магдонос?
Магдоносот е билка која најчесто се користи само како зачин, но многумина знаат да го користат магдоносот и како лек. Дел од полезностите кои ни ги нуди магдоносот е тоа што делува како силен диуретик и ни помага во отстранувањето на задржаните течности, се бори против уринарните проблеми и инфекции, како и против бубрежни заболувања.
Но, количината која ја ставаме во оброците секогаш е мала и е недоволна за да започне излачувањето на задржаните течности од телото. Затоа се препорачува чајот од магдонос, кој е чудесен за оваа намена. Нутриционистите велат дека ова е одличен начин за брзо време да почнете да слабеете и да се чувствувате полесно.
Излачувањето на течности од организмот е многу важно. Преку урината ги исфрламе отровите, бактериите и другите штетни материи. За магдоносот научно е докажано дека е одличен диуретик, а покрај тоа е и силен антиоксиданс, па затоа консумирањето на чај од магдонос е препорачливо, но никако не смеете да претерувате со него. Дневната консумација нека не надминува количина од еден литар.
Чајот од магдонос исто така се препорачува и против лошиот здив.