Зошто е добро да јадете грав, грашок и леќа?

Секојдневна порција од мешунки, како што се грав, наут, леќа и грашок , го намалува лошиот холестерол и значително влијание врз намалување на ризикот од срцеви заболувања.

Гравот може значително да го намали холестеролот и ризикот од срцеви заболувања, според една нова студија. Освен гравот, идентично дејство има друга сродна храна, како што се наутот, леќата и грашокот. Така, на пример грашокот успешно го намалува нивото на лошиот холестерол до пет проценти. За заштита и одбрана на здравјето на срцето , се што ви треба е на дневното мени да додадете порција мешунки, откриле канадски експерти.

Сепак, секојдневната порција на мешунките има недостаток , а тоа се несакани ефекти како подуеност на стомакот и гасови, но како што е наведено од водечкиот истражувач ова несакано дејство со време исчезнува.

Мешунките се одличен извор на хранливи материи и растителни влакна со малку маснотии , а вклучуваат различни видови на грав, како што се грашок, леќа и наут . Мешунките полека се обработуваат во телото и го намалуваат лошиот холестерол, а овој ефект е повеќе нагласен кај мажите отколку кај жените, но причината може да биде фактот дека мажите од самиот почеток имаат повисоко ниво на лош холестерол.

 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.