Зошто е добро да јадете брокула?

Брокулата е храна богата со хранливи материи и витамини. Истражувања покажаа дека брокулата е многу ефикасна кога станува збор за превенција и третман на неколку видови на рак. Поради состојките во брокулата кои дејствуваат како антиоксиданти, овозможуваат виталност и обновување на клетките на матката, јајчниците и панкреасот зафатени со рак. Исто така, овој зеленчук има силни анти-воспалителни својства во третманот на леукемија.

Брокулата е и богатство на витамини Ц и К.Една чаша сецкана брокула му обезбедува на телото дури 135 проценти од препорачаната доза на витамин Ц и 116 проценти од витамин К . Како  моќен антиоксиданс, го чисти телото од слободните радикали кои ги уништуваат здравите клетки, а витамин Ц помага во синтезата на колаген и дејствува против стареењето.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.