Зошто брзото одење е добро за постарите луѓе?

Времето што го поминуваме во седење е поврзано со ризиците од заболување од дијабетес и кардиоваскуларни болести.

Истражувањето на Универзитетот Оребро покажа дека токму дневната доза физичка активност е најважна и дека интензивното вежбање само за викенди не надоместува за континуираното седење за време на работната недела.

Резултатите покажаа дека е важно да се инсистира на што е можно поредовна и поинтензивна физичка активност, особено кај постарите луѓе, а тука не спаѓа лесното пешачење, туку брзото одење што бара напор.

Во истражувањето учествувале 120 жени на кои им биле направени медицински испитувања во текот на една недела, а нивото на нивната физичка активност било следено со акцелерометар.

Заклучокот е дека негативните ефекти од долготрајното седење се намалуваат со редовната физичка активност, како десет минути брзо, енергично одење, секој ден.

Поинтензивното вежбање, како трчање, аеробик, возење велосипед и правење кардио вежби, има само поголем бенефит во насока на заштита од ризиците од кардиоваскуларни болести, особено кај луѓето над 60 години.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.