Зошто алкохолот предизвикува агресивност?
Ново истражување, предводено од професор Томас Денс од Универзитет во Австралија, објавено е во магазинот „Cognitive, Affective & Behavioral Neuroscience“.
Како што истакнуваат експертите, 50 отсто од направените злосторства биле извршени под дејство на алкохол.
Убиства, физички и сексуални напади, семејно насилство и злоставување на деца, се само некои од злосторствата поврзани со користење на алкохол.
Во комбинација со агресивноста како генетска предиспозиција, само еден пијалак или два можат да предизвикаат насилство. Претходни истражувања се обидувале да објаснат што се крие зад тој феномен.
Поголемиот дел од истражувањата досега, претпоставувале дека промените во кортексот, кој има клучна улога во меморијата, вниманието, свеста и јазикот, се координираат со донесување на одлуки, проценки и емотивно контролирање, меѓу другото, таквите промени можат да предизвикаат агресија предизвикана од алкохолизмот.
Во истражувањето учествувале 50 мажи. Нивните активности на мозокот после консумирање на чашка или две алкохол биле следени со помош на скенер.
Учесниците биле поделени во две групи. Едните добиле три пијалаци со вотка, додека другата половина добила безалкохолен пијалак или плацебо.
Врз основа на снимките, била забележана значително помала активност во префронталниот кортекс кај лицата кои консумирале алкохол, во споредба со оние кои добивале плацебо, додека активноста на хипоталамусот била зголемена.
Резултатите всушност покажале дека алкохолот го попречува префронталниот кортекс, поради што и доаѓа до агресија.
„Станува збор за делови во мозокот со помош на кои се манифестираат различни видови на однесување, како што се смиреност во однос на агресија, во зависност од тоа дали личноста е трезна или пијана“, стои во истражувањето.
Некои истражувања покажуваат дека бројот на лица кои извршиле убиство под дејство на алкохол е значително поголем, во однос на оние кои тоа го сториле под дејство на кокаин и хероин заедно.