Зошто 30-годишниците изгледаат како да имаат 45 години?
30-годишниците денеска, гледајќи го нивното здравје и споредувајќи ги со претходните генерации, имаат повеќе од 15 години . ова е поентата во истражувањето објавено во Европското списание за превентивна кардиологија. Нивните тела дејствуваат како да имаат 45 години и често страдаат од висок крвен притисок, дијабетес и дебелина во споредба со претходните генерации.
Истражувачите во период од 25 години го набљудувале здравјето на 6000 лица во 20-тите, 30-тите, 40-тите и 50-тите години. Помладите генерации се многу полош метаболизам и голем број на проблеми, а најсериозни се притисокот и тежината, пренесува Daily Mail. Мажите во 30-тите години денес се за 20 проценти повеќе склони кон дебелеење отколку претходните генерации, додека пак 20-годишна жена е за двапати повеќе склони кон дебелеење од генерациите постари 10 години. Крвниот притисок се зголемува и кај двата пола, а и мажите имаат поголем ризик од дијабетес. Преваленцијата на дебелината кај помладите генерации до 40 е еднаква на онаа кај луѓето од 55 години. Ова значи дека помладата генерација е всушност 15 години постара. Експертите со препорака – повеќе физичка активност и балансирана исхрана, особено кај помладите генерации. Поради овие наоди стравуваат дека Поради овие наоди, стравуваат дека животниот век во иднина може да се намали поради поблемот со дебелината.