Знаци дека сте претерале со пиењето вода

Колку вода треба да пиеме секој ден?

Еден од најчестите совети што ги слушаме, а поврзано со пиењето вода е дека минималното количество што треба да го внесеме во телото е две литри (шест до осум чаши вода).


Но, што кога после осмата пиете уште? Може ли да се претера со вода?

Според некои експерти, бенефитите од пиењето вода во големи количини се доведува под знак прашалник. Како велат, две литри е многу повеќе отколку што на човековото тело му е потребно.

 

Опсесијата што многу луѓе ја имаат со тоа дека не пијат доволно вода, па постојано ја консумираат, може да доведе и до сериозни проблеми по здравјето.

Воедно, тие наведуваат и неколку знаци кои организмот ги дава, а значат: Намалете со вода:

 

Многу вода може да предизвика прекумерно потење

Преголемата хидратација, односно преголемото внесување вода во организмот е поврзано со екстремни проблеми при потењето. Тоа оди до таму што добар процент ги отстрануваат жлездите за потење по хируршки пат.

-Една од првите работи што ги прашувам моите пациенти што имаат хиперхидроза е колку вода пијат. Нивниот одговор не е конкретен од причина што прекумерно се потат, а потоа се трудат изгубената течност да ја надокнадат. Кога ќе им кажам дека токму пиењето течности го предизвикува нивниот проблем со потење, тие се изненадени. Ако пиете повеќе вода од потребното, потењето е еден од начините телото само да се избори со вишокот течности. Ако пиете помалку вода, помалку и ќе се потите – вели британскиот доктор Мајк Вајтли.

 

Многу вода може да предизвика несоница

Внесувањето на големи количества на вода, особено пред крајот на денот, можат да предизвикаат проблеми при спиењето. Кога ќе заспиеме, нашиот мозок ослободува ADH, анти-деуретски хормон (Вазопресин), кој ја забавува функција, а со тоа престануваме да уринираме во текот на ноќта. Ако пиете две или три чаши вода навечер, сета таа дополнителна течност ќе направи ADH хормонот да не ја одработи својата работа, па ве тера да станувате среде ноќ, а потоа ви е тешко да заспиете.Затоа, два или три часа пред да одите на спиење, не внесувајте течности. Ако се мачите да заспиете, направете си топла бања пред легнување, која ќе овозможи благо потење и дехидратација, па нема да имате потреба да станувате во текот на ноќта.

 

Труење со вода – постои или не?

Во 2008 година, Жаклин Хенсон, 40-годишна мајка, која била на програма за слабеење, починала од труење со вода, откако испила четири литри вода во период од неколку часа.

-Ако пиеме многу вода во многу кус временски период, бубрезите не можат да го отстранат вишокот течности доволно брзо, па нашата крв станува разредена повеќе од тоа што треба да биде, со многу ниска концентрација на соли. Нивото на солите во крвта и во клетките на телото најчест е иста. Но, ако крвта многу брзо стане разредена, може да направи клетките, особено оние во мозокот да отечат. Тоа пак може да создаде притисок во черепот, што пак понатаму предизвикува главоболки, а во сериозните случаи интоксикација, односно труење со вода, што може да биде и фатално – вели доктор Френки Филипс од British Dietetic Association.

Но, постојат доктори кои не се согласуваат со тоа дека труење со вода постои, уште помалку дека доведува до смрт, само по себе. Според нив, телото секогаш ќе најде начин да ја исфрли водата. Но, многу вода во комбинација со друг здравствен проблем, може да доведе до компликации.

 

И колку да пиеме?

Личните тренери и експертите за диети најчесто препорачуваат дека дневно треба да внесуваме најмалку два литра течности, понекогаш и до четири. Но, според најновите истражување, возрасните жени имаат потреба од околу 1.6 литри течност дневно, а мажите околу две, за телото да може да функционира ефикасно. Но, тука не спаѓа само вода, туку и чај, кафе, сокови, овошје и зеленчук. Комбинацијата од различни пијалаци во текот на денот, како млекото што е богато со калциум, овошни сокови што содржат витамин Ц, се најдобар и здрав баланс. Најдобро е да избегнувате газирани сокови што содржат вештачки шеќери, што не се добри за забите, како и за килограмите.

Коментари

коментари