Знаете ли кои се симптоми на рак на дебело црево, и кога да одите на лекар?

 

Симптомите за рак на дебело црево не секогаш можат да бидат јасни и скоро секогаш се мешаат со симптоми кои водат кон други состојби. Она што е загрижувачко, е фактот дека се повеќе млади заболуваат од овој вид на карцином, првенствено поради нездравите навики во исхраната и седечкиот начин на живот. Експертите, како главни виновници за ваквата состојба ги наведуваат храната богата со животински масти, а сиромашна со влакна и дебелината.

Симптоми на развој на болеста кај кои е неопходен лекарски преглед:

– Нарушување на цревната функција – епизоди на дијареа, констипација

– Постојано чувство на надуеност

– Промена во навиките на празнење на цревата

– Крв и слуз во столицата

– Црна столица

– Анемија

– Губење на телесната тежина

– Замор

– Болки во абдоменот

За развојот на рак на дебело црево треба многу време, но за среќа во најголемиот број на случаеви, може да се спречи со релативно едноставна постапка за отстранување на полипи од дебелото црево – колоноскопија.

Многу е важно, после 50 години да се прават тестови на скриена крв во столицата на секои две години, а доколку наодите се позитивни, се прави колоноскопски преглед.

Доколку имате некој од вашите крвни сродници, кои боледувале од рак на дебело црево или некои од наследните полипозни синдроми, овој преглед треба да се направи порано. Навистина се малку случаевите на заболени од рак на дебело црево на возраст помеѓу 25 и 30 години, но инциденцата се зголемува на 40 годишна возраст.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.