Знаете ли каде во авионот има најмногу бактерии?
Низ еден авион дневно минуваат стотина патници, па не е нималку изненадувачки што авионите се полни со бактерии.
Но, најновото истражување во Канада утврдило која е највалканата работа во еден авион? Тоа е нешто со кое патниците доаѓаат во директен контакт. Можеби ќе ви се верува, можеби не, тоа е наслонот за глава на седиштата.
Истражувањето покажало дека тоа место е „дом“ на најмногу бактерии во однос на други работи во авионот. Јасно е дека тешко можете да избегнете контакт со наслонот за глава кога ќе се сместите во вашето седиште.
Истражувањето е спроведено од „Маркетплејс“, а тестирани се авиони кои летаат на 18 кратки дестинации на „Ер Канада“, „Вест Џет“ и „Портер Ерлајнс“ помеѓу Отава и Монтреал.
Покрај наслонот за глава, земени се примероци од појасите за врзување, седиштата, како и од рачката на вратата од тоалетите.