Знаете ли дека начинот на кој спиете предизвикува брчки!
Кај многу жени виснатата кожа и брчките се појавуваат токму поради начинот
на кој спијат, а со оглед на тоа дека тие исти движења се повторуваат секоја
ноќ, многу жени сами несвесно го уништуваат својот изглед.
За кожата е најлошо спиењето на страна и на стомак бидејќи така секоја ноќ го
„збрчкуваме лицето“ на перницата цели осум часа, предупредуваат стручњаците.
Поради таквото спиење брчките се создаваат на подрачјето околу очите, носот
и на образите, но и на градите. За убавиот изглед секојдневно треба да се
потрудите и да научите да спиете на грб, а ако не можете да се одвикнете од
спиењето на страна, барем заспијте додека лежите на грб.
Може да користите и голема перница која ја користат бремените жени па на
неа да ја префрлите тежината од рамениците и трупот, тоа ќе ви помогне
лесно да заспиете, а сепак, лицето нема да биде притиснато на перницата.
Уште еден старински совет кој секако помага е спиењето на сатенска перница.
Лицето на сатенот едноставно лизга, додека на памукот се збрчкува.