Зијадин Села најтешко поминал по синоќешните инциденти – Завршил на КАРИЛ со сериозни повреди

По синоќешните инциденти, 109 е вкупната бројка на повредени кои побарале лекарска помош во скопските болници. Најтешко повреден бил пратеникот Зијадин Села кој со сеирозни повреди на главата, лицето и градниот кош синоќа бил хоспитализиран на КАРИЛ. Денеска е префрлен на неврохирургија, по стабилизирање на неговата здравствена состојба. На КАРИЛ во моментот е уште едно лице кое со сериозни повреди е примено во ноќните часови. На Ургентен завршила и пратеничката од СДСМ Радмила Шеќеринска, која по санирање на повредата е пуштена на домашно лекување. Во Ургентниот центар биле примени 28 повредени од кои 19 се припадници на безбедносните сили. 48 завршиле во Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски, каде на болничко лекување задржале двајца. Седуммина, од кои шест полицајци лекарска помош побарале во ГОБ – 8-ми септември, но немале сериозни повреди и по амбулантскиот третман ги пуштиле дома. Најмногу повредени имало по 22 часот кога полицијата фрлала шок бомби.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.