Жени, не сте ни свесни за што може да го користите црниот чај!
Еве како со помош на црн чај да направите средство за бришење на подовите во куќата.
Потребни ви се 2 литри вода и 8 кесички црн чај.
Во зовриена вода ставете ги кесичките чај и оставете ги да отстојат 10 до 15 минути.
Оваа мешавина е за потемни подови, а ако вашите подови се светли, ставете помалку кесички чај, од 4 до 6.
Натопете крпа во течноста, добро исцедете ја и пребришете ги подовите. Освен што подот ќе блеска, ова средство ќе ги камуфлира и гребнатинките.