Жени бидете многу внимателни – Поради тампон животот на 37 годишна мајка и висел на конец!

Аманда Стенли (37), мајка на две деца, едно утро се разбудила и не можела да стане од кревет, била ладна и имала симптоми на грип.

Закажала термин кај гинеколог, но не била во состојба да вози, па ја повикала мајка си. Додека да стигне до ординацијата, добила висока температура од 40 степени.

Таа завршила во болница сè додека да дознаат докторите што се случувало со неа. Ѝ рекле дека има бактерија и дека не го знаат потеклото на бактеријата.

Два дена подоцна, погледнала нов тампон и сфатила дека во раката ја држи поставата која се наоѓа околу тампонот, пренесува Дејли Меил.

Откако делот од тампонот им го покажала на докторите на Аманда ѝ бил дијагностициран синдром на токсичен шок – состојба која е предизвикана од бактериите кои влегуваат во телото и ослободуваат штетни токсини, кои можат да бидат фатални.

Имав среќа, бидејќи ако го направев тоа после 12 часа веројатно не би преживеала. Докторите веднаш ми дадоа терапија за да спречат ширење на инфекцијата”, вели таа.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.