Зголемен бројот на пациенти со настинки и вирози кај матичните лекари

20-тина степени температурна разлика во едно деноноќие ги разболе граѓаните. Матичните велат дека посебно оваа недела поради студените ноќи и утра секој ден имаат и по најмалку 15 пациенти кои се жалеле на настинки или вирози.
-Имаме зголемен број на пациенти кои се жалат на болки во грлото, затнат нос, течење на носот, кашлање, респираторни инфекции, изјави д-р Христина Лескароска, матичен лекар.
Матичните велат никако да не се пие антибиотик на своја рака за настинка без да биде направен лекарскји преглед и лабораториски анализи. Кога станува збор за настинка граѓаните да земаат терапија според симптомите кои ги имаат.
-Да се зема само симптоматска терапија, ако станува збор за течење на носот да се земе спреј итн. Да се внимава на исхраната и да се излегува на прошетки во природа, додаде д-р Лескароска.
Освен пациенти со настинки и респираторни инфекции, последниот период во лекарите реагистрираат и зголемен број на лица со стомачни вируси.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.