Зголемен број болни деца во Козле – Имаат ист број пациенти како во јануари кога беше пикот на грипот

Децата се најпогодени од наглите промени на времето. Само во Детската болница Козле дневно лекарска помош бараат над 100 болни дечиња.

-Сите тие промени, надворешни физички фактори, температурата, влажноста, пикот и концентрацијата на поленот влијаат негативно на белодробните болести, а особено кај децата, бидејќи младиот организам сеуште имунолошки е незрел да одговори на овие промени, изјави д-р Оливер Зафировски, директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле.

Поради ваквото време од Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле велат дека деновиве имаат сличен број на пациенти како во јануари кога беше пикот на грипот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.