Здравјето треба да ви биде најголемата мотивација да почнете со вежбање уште денес
Забрзаното темпо на модерно живеење со себе носи високо ниво на замор и стрес, а намалено време и енергија за вежбање.
Во таквото живеење, не обрнуваме многу внимание на телото и физичката активност што доведува до огромни последици- од вишок килограми до деформитети во телото, слаба кондиција, отежнато дишење, нервози и главоболки.
Често е многу тешко да се натераме себеси на вежбање, но доколку ваквите проблеми продолжат тие можат да предизвикаат огромни проблеми и затоа мораме да се натераме себеси да вежбаме.
Според многу експерти, нашето тело е створено за да биде во движење и дефинитивно не сме создадени за да вршиме иста работа во континуитет во седечки став, без физичка активност.
Затоа е многу важно, пред или после работата да се насочиме кон прилагодена физичка активност со која ќе придонесеме за баланс во нашиот живот.
Голем дел од луѓето се свесни за тоа, но постои и голем број кој постојано го одложуваат првиот чекор.
Тренерите истакнуваат дека покрај добриот изглед, прв мотивациски фактор треба да биде нашето здравје. Според нив, мотивот треба да произлегува од тоа, да се надминеме себеси.
Но, првиот чекор започнува од тоа да направиме нешто добро за себе – нашето тело и здравје. Тој кој ќе го постигне тоа, веќе направил огромен чекор кон успехот.