Застрашувачки -Бројот на болни од колера во Јемен ќе достигне еден милион
Меѓународниот Комитет на Црвениот Крст предупреди дека хуманитарната состојба во Јемен драматично се влошува и дека бројот на лица заболени од колера до крајот на годината би можел да се искачи до еден милион.
Претставникот на Црвениот Крст во Јемен, Александар Фејт, ги обвини двете завојувани страни дека користат прекумерна сила и Дека директно придонесуваат за високиот број цивилни жртви од глад и болести. Фејт ги повика двете страни да дозволат отворање на аеродромот во главниот град Сана за да се забрза испраќањето на хуманитарна помош.