Заматена водата за пиење во Струга

Водата за пиење на две мерни места во Струга е заматена поради врнежите од дожд и не се препорачува за пиење.

Центарот за јавно здравје од Охрид извршил контрола на терен, и, како што информира директорот Сашо Точков, констатирано било дека матноста на водата е над границите на дозволеното.

– Првично е констатирано дека матноста на водата е зголемена вон границите на дозволеното на мерните места СОУ „Нико Нестор“ и детска градинка „Сонце“. Известена е инспекцијата и водата не се препорачува за пиење, изјави Точков за МИА.

Центарот за јавно здравје работи на анализи за бактериолошката исправност на водата во Струга.

Заматена вода за пиење, според соопштението на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ имаат и жителите на селото Мороишта. Оттаму најавуваат дека ќе прават рестрикции од 22 часот до 5 наутро поради немање доволно вода во изворите, до подобрување на состојбата.

Стружани пак, револтирани поради честите рестрикции за вода или слабиот притисок најавуваат протест за в сабота пред просториите на „Проаква“.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.