Загрижувачки вести – Дневно голтаме и до 660 честички од пластика!

Морската сол собранa од океаните на планетата, е загадена со пластика. Истражувачите откриваат траги од пластика во производи што се продаваат во Кина, САД и Европа, се споменува во истражувањето, пренесе Гардиан.

Честичките пластика се од пластичен отпад во океаните, кои се разградуваат и на крајот се наоѓаат во нашата храна. Претходни студии открија дека пластиката се открива и во рибата која ја јадеме. Специјалистите од универзитетот на Њујорк истражуваат микроскопски честички пластика во солта, пивото и водата за пиење. Пластиката не е само широко распространета во нашиот секојдневен живот, туку и во животната средина. Таквите честички можат да се најдат во воздухот, водата, морските плодови, пивото, солта – пластиката е насекаде.

Научниците анализирале примероци од 12 видови морска сол, вклучувајќи и 10, кои може да се најдат во САД. Според резултатите, ако луѓето консумираат препорачана дневна количина сол, тие можат да проголтаат до 660 честички од пластика дневно. Загрижувачки е што многу луѓе консумираат многу повеќе.

За жал, сè уште нема докази за ефектот на пластиката во нашата храна. Важно е, сепак, да се фокусираме на протокот на пластика во нашето општество и да бараме други материјали за да го замениме, додаваат експертите, цитирани од Гардиан.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.