Загрижувачки податоци на СЗО за загаденоста на воздухот!

187

Девет од 10 луѓе во светот дишат лош воздух, соопшти Светската здравствена организација, повикувајќи на радикални мерки против загадувањето, поради што умираат повеќе од шест милиони луѓе секоја година, пренесува AФП.

Новите податоци во извештајот на СЗО “се доволни за да нè направат сите нас исклучително загрижени”, изјави за новинарите Марија Нејра, шефот на управувањето за јавно здравје и животна средина во СЗО.

Проблемот е акутен во градовите, но квалитетот на воздухот и во провинциските области е многу полош отколку што многу луѓе мислат, додаде таа. Воздухот во сиромашните земји е многу повалкан, отколку во богатите, се наведува во извештајот, но загадувањето влијае “практично на сите земји во светот и сите делови од општеството”.

“Јавното здравство се наоѓа во вонредна состојба”, проценува Нејра.

Извештајот на СЗО е базиран на собраните податоци во 3000 места во светот. Како резултат на анализата се покажува дека 92% од светското население живее на места каде што нивото на загадување на воздухот се повисоки од стандардите на СЗО. Поради изложеноста на загаден воздух околу 6 милиони луѓе умираат секоја година, покажуваат податоците на СЗО.

Околу 90% од загубата на живот поради нискиот квалитет на воздухот се факт во земјите со пониски приходи. Во најтешка положба се земјите од Југоисточна Азија и Западниот тихоокеански регион – вклучувајќи ја и Кина, Малезија и Виетнам.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.