Загрижувачки податоци на ИЈЗ: Дури 20 проценти од децата во Македонија се дебели!

218

Се зголемува бројот на дебели деца во Македонија. 20 проценти од момчињата и 15 отсто од девојчињата на 7 и 8 годишна возраст имаат многу повеќе килограми отколку што е нормално , покажуваат најновите истражувања на Институтот за јавно здравје. Ова е за околу 3 проценти повеќе во споредба со 2010 година. Исто така 40 отсто од второоделенците имаат зголемена телесна тежина.

-Тој тренд е лош. Препораките на СЗО се дека општо дебелината ако не се намалува треба да стагнира. Нашите податоци велат дека имаме определено зголемување, тоа не е големо и значајно, но е зголемување, изјави д-р Игор Спироски, експерт за исхрана во ИЈЗ.

Порастот на дебели деца во земјава според експертите за исхрана се должи на предолгото седење пред компјутер, јадење брза храна богата презаситена со сол и масти. Доктор Спироски советува родителите да ги хранат децата здраво.

-Избегнување на преработена храна, се што е преработка да не се јаде во количини кои би компромитирале јадење свежа храна( овошје и зеленчук) Оброците да се припремаат дома, а не децата да купуваат храна во училиште . Јас сум сигурен дека ако ги применеме овие совети во следното мерење ќе имаме подобри резултати, додаде д-р Спироски.

За намалување на тежината освен промена на начинот на исхрана неопходна е и редовна физичка активност и да се избегнуваат сокови богати со шеќер, категорични се експертите.

Многу држави проблемот со дебелината го решаваат со воведување данок за јавно здравје, тоа значи зголемување на цените на храната и пијалоците кои доведуваат до зголемување на тежината кај децата. И кај нас имаше иницијатива, но досега ваков данок не е воведен.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.