Загрижувачки: Опасноста од морбили пред вратите на Македонија

3,268

Малите сипаници ова лето сериозна закана за Македонија. Епидемиолозите загрижени дека  може да добиеме увезен случај на морбили кој многу брзо би прераснал во епидемија. Опасноста доаѓа од ширењето и зголемениот број на смртни случаи од ова заразно заболување во неколку европски земји, кои воедно се и туристички дестинации каде што патуваат македонски граѓани. Светската здравствена организација и лекарите предупредуваат на внимателност при патување во Романија, Италија, Португалија особено доколку децата не ја примиле вакцината МРП.

– Секако дека постои загриженост бидејќи многу голема е веројатноста да имаме увезен случај на морбили. Потребно е сите кои патуваат во тие земји да го погледнат ваксиналниот картон  на своето дете, бидејќи станува збор за многу контигиозно и сериозно заразно заболување кое многу брзо се шири, вели др. Владимир Миќиќ од ИЈЗ

Во последниот извештај Светската здравствена организација излезе со загрижувачки податоци дека за 12 месеци од морбили починале 35 деца во неколку европски земји. Тоа е за трипати повеќе од претходната година. Епидемиолозите причината ја гледаат во невакцинирањето и опаѓањето на колективниот имунитет.

-Изминатите години факт е дека имаме намалувањ ена опфатот со имунизација и не може да бидеме задоволни бидејќи треба да имаме над 95 проценти според препораките на СЗО, вели Миќиќ

Малите сипаници можат да предизвикаат сериозни компликации по здравјето или да завршат фатално. Според светската статистика, на 1000 заразени има еден со смртен исход.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.