Заев ќе ги менува законите за општините да можат да се справат со уличните кучиња!

Со промена на комплицираните закони, премиерот Заев најави олеснување за локалните власти во справувањето со глутниците кучиња кои се сериозна закана за безбедноста на граѓани. Многу општини немаа стационари за згрижување, а премиерот најави и подобрување на условите во Вардариште кој не е многу функционален.

– Мораме да создадеме начин како тоа да го организираме, да ги заловуваме кучињата кои растат во се поголем број. Државата мора да поведе грижа, иако за тоа се надлежни општините. Еден начин е преку промена на законодавството, но и кон повнимателно слушање на ветеринарите и експертите од оваа област и спроведување на нивните укажувања од страна на локалните власти, изјави Зоран Заев, претседател на Влада

Коментари

коментари