Заборавте на грутките, ова се првите симптоми на рак на дојка

Дознајте пред да биде доцна

Грутките во градите во повеќето случаи се поврзуваат со рак на дојка, но всушност 90% од нив се бенигни израстоци кои не се опасни по живот.

Кои се најчестите причини за појава на бенигни грутки на дојка?

  • Инфекција на дојка
  • Фиброциститна болест на дојката (цисти)
  • Фиброаденом (бениген тумор)
  • Некроза на масното ткиво (уништување на масното ткиво)

Иако повеќето од градините грутки се придружени со тешки и болни состојби, безболните грутки се најчест симптом на рак на дојка.

Затоа е од исклучително значење секоја жена уште од најрана возраст да ги прегледува месечно градите. Добрата вест е дека ракот на дојка се лекува, под услов да биде забележан во најрана фаза.

Кои се раните симптоми на рак на дојка?

  • Промени во формата на брадавицата
  • Болка во градите, посебно по менструација
  • Грутка која не исчезнува по циклусот
  • Секрет од брадавицата со бистра, црвена, кафеава или жолта боја
  • Необјасниво црвенило, оток, воспаление на кожата, чешање или осип на кожата на дојката
  • Оток или грутка околу пазувите или на крајот на дојката

Кои се подоцнежните симптоми на рак на дојка?

  • Собирање или свиткување на брадавица
  • Зголемување на дојката
  • Конкавна површина на дојка
  • Зголемување на постоечка грутка
  • Појава на ” кожа како кора на портокал” на дојка
  • Вагинална болка
  • Необјаснето губење на тежината
  • Зголемени лимфни јазли во пазувите
  • Видливи вени на дојка

Присуството на еден или повеќе од овие симптоми значи дека нужно треба да посетите лекар и да си ги направите потребните истражувања. Тие сепак не значат задолжително дека имате рак на дојка, особено од малигниот карактер.

Некои од наведените симптоми може да се јават и при хормоналната нерамнотежа, прием на апчиња за контрацепција, при лекување на неплодност, носење на погрешен градник, цисти на градите, при премногу големи гради, стрес.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.