За заменик министерот за здравство, родителите се виновни што кај трите деца има задоцнето откривање на дијабетот!

Заменик министерот за здравство, Асим Муса, вели дека е пропуст на родителите задоцнетото откривање на дијабет кај трите деца кои се хоспитализирани на КАРИЛ и на Детска клиника. Според него невистинити се обвинувањата дека медицинските лица, матичните доктори и стручниот кадар во болниците не успеале навремено да ја утврдат дијагнозата. оваа изјава на заменик министерот доаѓа по вчерашните обвинувања од Баланс МК, кои алармираа дека едно дете е во тешка а уште две други се во болница поради несоодветен медицински третман и касно откривање на дијабетот. Побараа надлежните да спроведат истрага. Во меѓувреме, девојчето кое е на КАРИЛ е во добра состојба и е свесно а инсулинот велат од таму повеќе не се дава интровенозно.

-Бев во посета и го видов девојчето на КАРИЛ. Таа е во стабилна состојба, се подобрува, при свест е. Сакам да потенцирам дека сите три случаи се новооткриени. Дијабетот им е откриен кога прв пат отишле на лекар. Ништо не е пропуштено и се е согласно правилата. Бидејќи деца со дијабет се третираат на клиниката за детски болести тие се навремено упатени во соодветните установи. Не е вистина дека се несоодветно лекувани и дека е закаснето со лекувањето – рече заменик министерот.

Како што рече тој, дијагнозата им е одредена во матичните болници, од каде се препратени на Клиника.

-Децата се донесени од дома во тешка состојба, тоа е пропуст наодителите. Децата не биле неколку пати шетани по болници и лабаратории – додаде тој.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат информираат дека ќе се изврши надзор во општите болници каде биле примени децата, пред да бидат препратени на Клиника. Извештајот на инспекцискиот надзор ќе утврди дали имало пропуст во постапката.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.