За убава насмевка никако не јадете пуканки и сушено овошје!
За природно белење на забите најдобра намирница се јагодите. Пресечете една јагода и истријте ги забите. Ќе бидете изненадени колку вашите заби ќе се променат.
Пуканки
– Повеќето луѓе кои доаѓаат во ординација со скршени заби, велат дека тоа им се случило кога јаделе пуканки – објаснува стоматологот Џонатан Неман.
Сушено овошје
Ова е ужасна храна за вашите заби. Независно какво овошје претпочитате, тоа е полно со шеќер кој што се лепи на вашите заби.
– Тоа е концентриран шеќер кој е толку леплив што често создава кариес на умниците изадните заби. – додава д-р Неман.
Топла вода со лимон
Ако имате тенденција да започнете утро со чаша топла вода и лимон, треба да знаете дека лимонот поради киселоста ја уништува забната глеќ.
Киселоста од овошјето им наштетува на забите исто како и шеќерот.