За убав сон спијте во ладна соба!

167

Полесно ќе заспиете

Одредени облици на несоница настануваат поради регулирањето на телесната температура. Поладната соба ќе му овозможи на телото да се смири и олади, а со тоа и полесно да заспиете. Тоа ќе овозможи подлабок, квалитетен сон.

Ќе изгледате помлади

Доколку температурата во собата е повеќе од 21 степен, телото послабо ќе отпушта мелатонин, еден од најдобрите хормони против стареење во телото. Кога ќе заспиете во потполна темница, паѓа телесната температура, телото отпушта мелантолин и поттикнува ладење на организмот.

Полесно ќе слабеете

Здравиот ритам на спиење може да има директна поврзаност со губитокот на тежина. Во ладна просторија, кога телото е поладно, се намалува и количината на хормонот за стрес, кортизол. Кога ќе се наспиете, наутро се будите со голема количина кортизол во телото, што е причина за големата потреба од слатки и анксиозност која може да се провлекува низ целиот ден.

Го намалувате ризикот од болести на метаболизмот

Пониска температура на собата, исто така, може да го спречи развојот на метаболички болести како дијабетес. Оние што спиеле во постудените простории, речиси двојно го зголемиле количеството на добра, кафеава маст која била создадена во текот на ноќта. Кафеавата маст во телото, за разлика од белaта, може да го одржува нивото на шеќер во крвта на оптимално ниво и да го спречи задржувањето на калориите на телото. Белата маст чува вишок енергија. Преголемата бела маст, која е карактеристика за поголема телесната тежина, го зголемува ризикот од дијабетес тип 2 и други болести. Кафеавата маст, пак, согорува енергија и на тој начин произведува топлина за одржување на температурата на телото. Подолгиот сон во постудената соба, исто така, има големо влијание врз метаболичките хормони. Луѓето произведуваат повеќе кафеава маст додека спијат во поладна соба и го подобрува метаболизмот на гликозата. Долгорочно гледано, со тек на време, спиењето во поладна соба го намалува ризикот од метаболички болести.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.