За спас од алергии, колку често треба да ја менувате перницата за спиење?

277

Перницата треба да се менува на секои две години, за да се избегнат разни алергиски реакции, како што се течење на носот, кашлање и пецкање и солзење на очите.

Ензимот најден во изметот на бацилите може да предизвика симптоми слични на грип.

За решавање на проблемот може да помогне редовно чистење со правосмукалка, а перницата, според експертите, може да се стави и во замрзнувач за убивање на бацилите. Исто така, треба да се избегнува сушење на облека на парно, поради зголемување на влажноста на воздухот, што е поволно за бацилите.

Алергијата на изметот на стотици микроскопски мали бацили кои живеат во перниците се манифестира со течење на носот. Симптоми се исто така и кашлање или чешање и солзење на очите.

Познато е дека милиони клетки од изумрена кожа секој ден се акумулираат во креветите.

Доктор Лиса Акерлеј вели дека самите бацили не пренесуваат болест, туке некои луѓе се алергични на ензимот во нивниот измет.

– Ако лицето има астма, состојбата се влошува. Можете постојано да имате проблем со течење на носот, пецкање на очите, солзење на очите и кашлање, Иако симптомите се непријатни, бацилите не можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми, вели таа.

Акерлеј препорачува наутро да не се мести креветот, бидејќи бацилите сакаат топлина, па ако се врати постелината тоа создава непријателска ладна атмосфера за нив.

Исто така, препорака е перење на перниците и сушење во сушални, бидејќи таа врелина ги убива бацилите.

– Понекогаш ставете ги перниците во фрижидер, бидејќи студот ги убива бацилите и избегнувајте сушење на облеката на парно, бидејќи влагата ја прави вашата куќа привлечна за бацилите, додава Акерлеј.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.