За што е корисен витаминот Д кај мажите?
Витаминот Д е вистински извор на здравје. Освен што може да им помогне на заболените од псоријаза, штити од агресивен рак на дојка, депресија, детска анемија, а меѓудругото данските научници утврдија дека е корисен за машкото репродуктивно здравје.
Имено, ако се обидувате да зачнете, обрнете внимание на нивото на витамин Д. Стручњаците од Универзитетот во Копенхаген, тврдат дека овој витамин го подобрува квалитетот на спермата.
Сперматозоидите се побрзи и имаат поголема сила за пенетрација.До овој заклучок дошле данските истражувачи кои прегледале 300 мажи и го тестирале квалитетот на сперматозоидите, а го измериле и нивото на витаминот Д.
Имено сончевите зраци се главен извор на овој витамин, кој помага во регулирање на нивото на калциум и фосфор за здрави коски.
Стручњаците утврдиле дека бројот на здрави сперматозоиди е значително помал кај мажите со недоволно витамин Д.