За поголемо породилно отсуство ќе има референдумско изјаснување!

Граѓанската иницијатива „450 Породилно (пеленска револуција“) организира референдумско прашање за што е потребно да се соберат 10.000 потписи. Иницијативата е за донесување на Предлог-Закон за изменување на Законот за работните односи, со цел да се зголеми времетраењето на остварување на правото на платено отсуство од работа поради бременост,раѓање и родителство од сегашни 9 (за едно дете) и 15 (за повеќе деца) на 18 месеци за сите мајки без разлика колку деца раѓаат. Предлогот ги вклучува и мајките кои во моментов се напородилно отсуство. Право на потпишување за ова рефендумско прашање имаат сите граѓани на РМ над 18 години кои имаат право на гласање и би сакале да ја подржат оваа иницијатива.Потписите ќе се соберат во период од 17 дена, од 20.09. до 07.10.2017 година во канцелариите на ДИК во сите градови низ РМ. Потпишувањето ќе се врши со лична карта или валидна патна исправа во општините каде живеете. Ве молиме за подршка на оваа граѓанска иницијатива со која мајките ќе остварат платен одмор поради бременост, раѓање и родителство во времетраење од 18месеци.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.