За овој зачин се верува дека лекува многу различни болести и состојби

36

Кимот е самоникнувачка билка, а пред сè спаѓа во групата зачински билки. Египќаните први сфатиле колку е моќно семето од црн ким и од него правеле лековито масло.

Источните народи тврделе дека црниот ким ги лекува сите болести, освен смртта. Кимот содржи етерични масла, повеќе видови масни киселини и витамин Ц.

Според научните истражувања, црниот ким успешно може да уништи или ублажи 600 различни болести и состојби. За лекување можете да користите масло, да направите чај или да додавате семки од ким во салати или јадења.

Кимот има аналгетски, антибактериски, антивоспалителни и антивирусни својства. Благодарение на својот состав, успешно го лекува црниот дроб, ги исфрла токсините и ја подобрува работата на бубрезите, го регулира крвниот притисок и го држи холестеролот под контрола.

Кимот го подобрува апетитот, ја олеснува дигестијата, подуеноста и помага при грчеви во стомакот. Докажано е дека позитивно влијае на дијабетесот и намалувањето на шеќерот во крвта, а забележано е и позитивно дејство кај пациенти заболени од рак.

Поради силното антиоксидативно дејство врз имунитетот, кимот е особено делотворен кај луѓето кои примаат хемотерапија, бидејќи го забрзува закрепнувањето помеѓу третманите и го засилува нивното дејство.

Црниот ким исто така има силен ефект врз обновувањето на ткивото на белите дробови, врз прочистувањето на дишните патишта и подобрувањето на белодробните функции.

Чај од црн ким против бронхитис и кашлица

Помешајте една голема лажица црн ким, една мала лажица камилица и половина мала лажица анасон во шолја топла вода. Оставете да отстои 10 минути, процедете, засладете со мед и пијте го чајот неколку пати дневно.

Сируп против астма

Измешајте една мала лажица ситно исечкан црн ким, две изгмечени чешниња лук и две лажици мед. Секое утро на празен стомак земајте по една мала лажица од овој сируп во период од 3 недели.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.