За кои болести едни од симптомите се ладни раце и нозе?

599

анемија

Ако покрај ладни раце имате и некои други симптоми како што се замор, главоболка и малаксаност, проверете го нивото на железо во крвта. Железото е главна состојка на хемоглобинот, молекула што го пренесува кислородот во крвта и и дава црвена боја.

дијабетес

Ладни раце и нозе може да бидат првите знаци на дијабетес. Дијабетесот остава последици врз циркулацијата и нервниот систем, и е често придружуван со овие симптоми. Ако сте постојано жедни, јадете многу а не се дебелеете или пак слабеете, задолжителна е проверка на нивото на шеќер во крвта.

тироидната жлезда

Хипотироидизам или намалена работа на тироидната жлезда, доведува до забавување на метаболизмот и често оваа болест ја карактеризираат студени нозе или чуство на студ. Замор, летаргија, поспаност, бавност при говор и движење, како и лошо поднесување на високи температури, се јасни симптоми на оваа болест.

Стрес

Стресот исто така може да биде причина за ладни раце и нозе. Тој, всушност, го зголемува адреналинот, хормон кој се произведува во надбубрежните жлезди кој ги стеснува крвните садови и циркулацијата е послаба, а рацете и нозете се ладни.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.