За кои болести е добро да јадете кромид?

Кромидот е еден од најстарите продукти кои луѓето го користат во исхраната а потекнува од Азија. Постои повеќе од 500 години, а колку е ценет покажува и фактот што Египќаните со него ги плаќале работниците на пирамидите. Многу малку калории, висок процент на вода и витамин Ц, бета-каротин , витамин А, како и траги од сулфур и хром кој го прави многу здрав зеленчук. Кромидот е богат со антиоксиданси кои помагаат да се спречи оксидација на масни киселини во телото , а со тоа и произведуваат помалку воспалителни молекули , покажале истражувањата. Затоа и го нарекуваат природен антибиотик . Докажано е дека редовното консумирање на кромид во мали количини го намалува ризикот од неколку видови на рак, вклучувајќи рак на дебелото црево и рак на грлото на матката. Иако е најефикасен кога се јаде свеж, дури и приготвениот кромид има огромни бенефиции. Има способност да ги уништи малигните клетки а со тоа и исфрлање на токсините од организмот. Јадењето на кромид го намалува нивото на гликоза во крвта , а минералот хром им помага на клетките да одговорат на инсулин. Затоа се препоачува за дијабетичари а освен што дејствува со намалување на брзината за подигнување на шеќерот во крвта, докажано е дека го намалува холестеролот, триглицеридите и крвниот притисок.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.