За два дена два смртни случаи од морбили – На Клиниката за детски болести почина тринаесетмесечно бебе од Свети Николе

Тринесетмесечно дете од Свети Николе вчера попладне починало од компликации од морбили на Клиниката за детски болести во Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Детето и предходно имало други здравствени проблеми. Ова е второ дете кое за два дена почина од компликации предизвикани од морбили. Во петокот на Инфективна почина шестмесечно бебе.
-Министертвото за здравство искрено жали што овие деца се жртви на епидемијата од морбили (мали сипаници), болест која може да се спречи со вакцинација.
Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување. Вакцината во здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен европски квалитет и рок на траење, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Коментари

коментари