За да се плаши од змии, дозволила влекач да ја касне едногодишната ќерка!

Полицијата во Флорида разгледува случај каде што една неименувана жена, дозволила змија да ја касне нејзината едногодишна ќерка.

Американката притоа изјавила дека сето тоа било од воспитен карактер. На „поучното“ видео, коешто мајката го објавила на својата Фејсбук страница, се гледа како мала змија го каснува девојчето кое се приближува до неа. Тоа почнува да плаче, а мајката се смее.

По бројните реакции од нејзините виртуелни пријатели, жената го тргнала видеото, но потоа и прокоментирала дека луѓето „се претерано чувствителни”.

– Таа змија ме каснала и мене и синот неколкупати. Безопасна е. Забите на влекачот се толку мали, што тој е неспособен да ја пробие кожата на детето. Мојата ќерка заплака, зашто се исплаши, а не затоа што ја здоболе. По ова што се случи, таа веќе не сака да се приближи до змии. Таа не се плаши од нив, но нема ни да ги допира, тоа беше и целта. Никогаш не би го повредила своето дете, објасни жената.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.