За 10 месеци ослабела 45 килограми

82

Откако Харши Суравира, медицинската сестра од Мелбурн ја погледнала групната фотографија, која нејзината пријателка ја објавила на Фејсбук, таа се соочила со реалноста за нејзиниот изглед. Харши се подложила на диета и за 10 месеци успеала да симне неверојатни 42 килограми!

Харши е со потекло од Шри Ланка. Пред да се одлучи на ваква трансформација, таа водела сосема нездрав живот. Нејзиното дневно мени се состоело од ориз со многу кари, брза храна, две пици и литар Кола-Кола. Харши била зависна од храна, а како што и самата вели, тоа не било нормално.

Меѓутоа, кога ја видела фотографијата објавена на социјалната мрежа и ги прочитала коментарите за сопствениот изглед, добила мотивација да го промени својот животен стил за 180 степени. Таа секојдневно поминувала по два до три часа во фитнес клуб вежбајќи кардио вежби, а нејзиното тело денес е толку затегнато, што на фотографиите се забележуваат и нејзините мускули.

Но, секако, најважниот дел од нејзината трансформација била диетата, која вклучувала многу салати и протеини, и ги исклучувала сите шеќери и индустриски преработената храна.

Таа денес се чувствува како потполно друга личност. Харши води свој блог, а на Инстаграм има скоро 90 илјади следбеници, кои се воодушевуваат на упорноста на оваа девојка!

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.