Врапчиште: Наместо телото на нивната почината мајка, добиле тело на непознат маж

27

Наместо телото на нивната почината мајка, семејство од Врапчиште добило тело на непознат маж, објави ТВ21.

Семејството во изјава за телевизијата вели дека нивната мајка починала на Инфективната клиника во Скопје.

Откако го прифатиле телото забележале дека наместо нивната мајка, во ковчегот имало тело на непознат маж, па затоа се упатиле кон Инфектива.

По повеќечасовно барање, телото конечно било пронајдено во Гостивар каде по грешка било испратено од болницата.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.