Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење

Секторот за санитарна контрола во периодот од 29 јуни 2020 до 3 јули 2020 зема 899 примероци за физичко-хемиска и 899 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 56 мерни места во Град Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење се објавува за подобра информираност на граѓаните.

Извештајот е добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, која е прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.