Во вакциналните пунктови најдени 635 кутии од МРП вакцини со декларации со поминат рок

Се уште нема разрешница за скандалот со декларациите со поминат рок на МРП вакцините. Од министерството за здравство соопштија дека не е завршена контролата на инспекторите на МАЛМЕД во Компанијата увозник “Македонија лек” и Здравствените домови каде биле дистрибуирани вакви вакцини.

– Деновиве е направена внатрешна контрола во сите здравствени домови, при што е утврдено дека во вакциналните пунктови пронајдени се вкупно 635 кутии од МРП вакцината, на кои стојат погрешно залепени декларации. Залепените декларации биле од претходниот увоз, кои бил со важност до месец октомври 2018 година. Истите се пронајдени во ЗД Крушево, ЗД Струга, ЗД Велес, ЗД Демир Хисар, ЗД Крива Паланка, ЗД Вевчани, ЗД Охрид и ЗД Скопје.

Нема информација на колку вакцини од 28.000 колку што била целата серија биле залепени погрешни декларации ниту колку од нив им биле аплицирани на децата. Од министертсвото за здравство и денеска потенцираа дека тие вакцини се со важечки рок и се безбедни.

Во меѓувреме расте бројот на новозаболени од морбили. Последното деноноќие на инфективна хоспитализирани се 8 деца со мали сипаници. Сите се од Ново лисиче на 2 годишна возраст, не биле вакцинирани и оделе во иста градинка. Во моментот на Клиниката со мали сипаници на болничко лекување се 15 лица.

Коментари

коментари