Во училиштата во Хрватска на децата ќе им даваат бесплатно овошје, зеленчук и млечни производи!
Заради подигнување на свеста за здрава исхрана, како и зголемување на внесувањето на свеж зеленчук и овошје, млеко и млечни производи, Хрватска од оваа школска година почнува со воведување бесплатни оброци.
За спроведување на проектот за дополнителен оброк од свежо овошје, зеленчук, млеко и млечни производи се обезбедени три милиони евра. Секое училиште што сака да учествува во проектот сама бира доставувачи кои ќе обезбедат овошје и зеленчук (100-150 грама по дете неделно) и млеко, јогурт и слично (0,15 – 0,25 Л. по дете неделно).
Овошјето и зеленчукот ќе се испорачуваат и делат најмалку еднаш неделно како и млекото и млечните производи.
Бесплатни овошни и зеленчукови оброци ќе добиваат учениците од сите основни и средни школи, а млеко и млечни производи – учениците од основните школи од 1-4 одделение.
Министерството за земјоиделие на Хрватска наведува дека на училиштата ќе им се доставуваат мандарини, јаболки, круши, сливи, праски, цреши, домати, моркови, пастеризирано млеко, павлака јогурт, кисело млеко, кефир и друго ферментирано млеко.
За проектот засега се пријавени 1.119 училишта и 87 доставувачи.