Во текот на изминатото деноноќие рапидно зголемен бројот на издадени решенија за изолација

На 337 лица им се издадени решенија за изолација, а 62 лица потпишале изјави за самоизолација во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија.

Од страна на полициски службеници, информираа денеска од МВР, извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

За споредба, во текот на претходното деноноќие (31.05/01.06.2020 година) на територијата на Македонија на 186 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 585 прекршоци.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.