Во специјалната очна болница „Деница“ за три месеци направени 500-тини успешни хируршки интервенции

Во Специјалната очна болница „Деница“ од Скопје, лекарскиот тим предводен од д-р Наум Трпеноски, успешно ја изведе 500та хируршка интервенција, сметано од први септември. Станува збор за 89 годишна пациентка од Охрид, која по операцијата на катаракта (старечко перде), како и останатите лица претходно, ќе може, без никакви проблеми во овој дел да го живее своето секојдневие.

„Верувам во концептот кој со мојот меѓународен тим на доктори го создадовме и имам силна желба да придонесам уште повеќе да се издигнат професионалните офталмолошки и вкупни здравствени стандарди во Македонија, но и во Регионот“, ни изјави доктор Трпеноски. За него, главната цел е брендот „Деница“ да биде уште повеќе преопознаен како синоним за премиум услуги, изведени од врвни професионалци по најпристапни цени.

Во Специјалната очна болница „Деница“ од Скопје се изведуваат најширок спектар на офталмолошки прегледи и други услуги од областа на очната хирургија.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.