Во скопски Центар најмалку вакцинирани деца со МРП – Постои ли опасност од појава на мали сипаници?

Десетина деца фантоми без никакви документи и без примени вакцини биле регистрирани  во месноста Кванташка Депонија во Гази Баба од страна на лекари од Здравствен дом кои ги проверуваат вакциналните картони на терен. Децата биле имунизирани а во ова подрачје лани имаше  епидемија на морбили со неколку заразени случаи.  Според податоците, критична општина во Скопје е и Центар каде опфатот со МРП вакцината е околу 60 проценти.  ХПВ, пак,  примиле  помалку од 50 проценти од девојчињата во главниот град. Откако опфатот на имунизација во земјата опадна и веќе не гарантира колективен имунитет од опасни заразни болести, лекарски тимови изминатата недела ги бараа невакцинираните.

-Триесет тимови се на терен од здравствен дом Скопје. Покрај пребарување на вакциналните картони, истите разговараат и со родителите и имаме информации дека на едукации што ги прават нашите лекари по градинки и училишта доаѓаат родители на невакцинирани деца, вели др.Бурак Шабани од Здравствен дом Скопје

За министерот за здравство вакцинацијата е колективна одговорност. Филипче смета дека замајувањето на јавноста со антивакциналните кампањи не смее да остане несакционирано. За зголемување на опфатот на имунизација кој е најнизок споредбено со изминатите дваесетина години, најави дека со Дескоска и Цароска ќе бараат начини како децата да бидат вакцинирани а притоа да не се исклучени од образовниот процес.

Во меѓувреме, годинава 35 родители кои не ги носеле децата на вакцини биле повикани во Државниот санитарен инспекторат. Изборот им е плаќање на глоба од 300 до 650 евра или пријава з ана суд.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.