Во понеделник најлесно се откриваат неверства!

Ако може да им се верува на податоците на порталот „Illicita encounter“, понеделник е денот кога најлесно ќе ги откриете прељубниците.
Имено, после викендот поминат со семејството, оние кои изневеруваат, најмногу комуницираат со љубовниците првиот ден од неделата.

Прељубниците го користат понеделничкото утро за да надоместат за „затишјето“ во текот на викендот, кога немале време за јавување и допишување поради густиот семеен распоред.

Покрај понеделник помеѓу 9 и 15 часот, оние кои изневеруваат најчесто комуницираат и во петок до 22 часот кога ги најавуваат своите семејни активности, со цел да не бидат откриени.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.