Во Охрид против сезонски грип ќе се вакцинира и во домашни услови

Вакцинацијата против сезонски грип во домашни услови во Охрид почнува на 30 октомври. Мобилни екипи ќе вршат вакцинирање во домовите на лица постари од 65 години, на оние кои што се неподвижни и на лица со телесен инвалидитет.
-Оваа новина е со цел да ја подобриме ефикасноста на вакцинирањето, но и да излеземе во пресрет на тие лица кои што имаат потреба да се вакцинираат, а не можат да дојдат во центарот за јавно здравје, изјави  Сашо Точко, директор на Центар за јавно здравје Охрид.

Инаку редовната вакцинација против сезонски грип во Охрид почнува во понеделник. Набавени се 3000 вакцини од холандско потекло.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.