Во Македонија оваа сезона ќе циркулира свиснки грип!

И оваа сезона во Македонија ќе циркулира свински грип. Во лабораторијата во Институтот за јавно здравје  потврден е вирус од типот АХ1Н1, додека низ Европа годинава доминантен е друг поттип на вирус.

– Во текот на 50-тата недела од 2017, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ тестирани се 8 материјали за грип. Од тестираните материјали, еден е позитивен за присуство на вирусот на инфлуенца A(H1N1)pdm. Од почетокот на сезоната 2017/2018, ова е првиот позитивен резултат, се вели во неделниот извештај на ИЈЗ.

Иако минатата година токму овој период беше пикот на грипот, претходната недела регистрирани се само 92 случаи што е за речиси 10 пати помалку од лани.

Но, од друга страна поради променливото време матичните лекари деновиве бележат зголемен број на пацинети со настинка.

– Деновиве имаме зголемен број на граѓани со настинки, се жалат на болки во грлото, секреција во носот, главоболка, кашлање, изјави д-р Христина Лескароска, матичен лекар.

Иако засега доминираат настинките, во втората половина од јануари епидемиолозите очекуваат зголемен број на болни од грип.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.