Во кујната го имате лекот за забоболка!

Ако ве боли забот, а сè уште не сте собрале храброст или немате време да отидете на стоматолог, пробајте го еден од најдобрите природни лекови за забоболка – каранфилчето.

Кај нас, каранфилчето е познато како зачин или додаток за варено вино, а во Индија се користи за готвење јадења кои потешко се варат и против – забоболка.

Како делува?

Штом ќе почувствувате болка во забот или непцето, ставете го каранфилчето на болното место и цврсто загризете. Држете така 15 минути до половина час. Болката постепено ќе се намалува, а потоа сосема ќе исчезне.

Кога болката во забот е посилна, користете масло од каранфилче (може да се набави во билни аптеки) кое делува как анестетик.

Откако ќе го ставите каранфилчето на болното место (на непцето над забот или под болниот заб, измасирајте малку масло од каранфилче) – болката ќе се ублажи во рекорден рок, како кога кај стоматологот ќе добиете анестезија.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.